Вести Македонија

Битката за чист воздух, вода, почва ќе ја бијат 12 невладини организации

Битката за чист воздух, вода, почва  ќе ја бијат заеднички 12 невладини организации. Екологисти, планинари, новинари, риболовци, земјоделци, граѓански активисти од Кочани го формираа Одборот за здрав живот. Сметаат дека на овој начин ќе бидат погласни.

Една од првите иницијативи е да се испита законитоста околу изградбата на мини хидроцентралата над браната Гратче, за што Телма веќе ги пренесе реакциите на екологистите и на локалната власт. Според граѓанските активисти изградбата на оваа хидоцентрала ќе значи уништување на недопрената природа, но и удар врз туризмот.

Одборот од невладините организации ќе продолжи со следење на случајот со фабриката за хартија Пејпер Мил. Откако од фабриката вчера најавија дека 120 те работници ќе седат дома до април со 70 % плата, одборот на раководството му понуди помош да се реши проблемот со воздухот.

Освен иницијативите за чист воздух, вода и почва, невладините ќе работат и на враќање на епитот на Кочани за најчист град во земјава, со подигање на јавната свест на граѓаните да не го фрлаат ѓубрето, каде што ќе им текне.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Без нови првачиња и шестоодделенци во ООУ „Гоце Делчев“

Дејан Дејан

Сончево и топло – Временска прогноза за 21.6.2026

meteo

Во Тетово некои улици осветлени и дење, други со денови во темнина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе