Македонија Најважни

Историската комисија целосно усогласи еден записник, за другите два ќе има нова средба

Еден целосно усогласен записник и втор со неколку затворени прашања е исходот од денешниот состанок на Комисијата за историски прашања меѓу Македонија и Бугарија на која се усогласуваше содржината на два од три записници кои останаа непотпишани поради условувањето на бугарската страна на употребата на придавката „македонски“ во нив. Според соопштението кое го лиферуваше Комисијата по состанокот кој траеше околу пет часа целосно е усогласен записникот за деветата седница, но без наведување детали што е конкретно е договорено.

„На денешната средба на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања помеѓу С. Македонија и Бугарија, на која се дискутираше за усогласување на содржината во Записниците од минатите средби (9. и 10. средба) беше постигнат напредок. Имено, двете страни ја усогласија содржината на Записникот од деветтата средба, а во однос на десеттата средба беа надминати неколку прашања поврзани со содржината на записникот“, се наведува во краткото соопштение од средбата.

На он-лајн состанокот на кој учествуваа по тројца претставнициод секоја од страните во Комисијата како што се информира, се расправало за технички детали околу записниците, поточно формулациите кои се користат во нив.

Проблемот настана откако бугарската страна по осум средби и исто толку потпишани записници почна да го проблематизира потпишувањето на записниците од деветата, десетата и единаесетата средба пред се поради употребата на терминот „македонска историска комисија“. Бугарските историчари како аргумент за проблематизирањето се повикале на почитување на Преспанскиот договор со што барале да не се придавката „македонска“ во реферирање на комисијата и таа да се нарекува „Историска комисија на Република Северна Македонија“. Од македонска страна ова барање беше протолкувано како селективна примена на Преспанскиот договор од бугарската страна и како такво и за неприфатливо, со оглед дека бугарската страна не ја почитувала одредбата од Преспанскиот договор околу именување на нашиот јазик како „македoнски“.

На денешниот состанок освен за содржината на двата записника било договрено и следната редовна средба на Комисијата да се одржи на 25 и на 26 февруари, на која домаќин би требало да е македонската страна, а дотогаш Комисијата ќе се обиде на нов технички состанок да ги затвори сите прашања од записникот од десеттата средба, но и оние кои прозилегуваат од единаесеттата, а која денеска не беше на дневен ред.

Досега македонско-бугарската историска комисија ги усогласи забелешките околу историските учебници за 5. и 6. клас од образовниот систем во Бугарија и 6. одделение во Македонија, но заглави на прашања за Гоце Делчев поради инсистирање на бугарската страна да се утврди неговиот етнички идентитет, а повторно е отворена и темата за Цар Самоил иако таа до декември се сметаше за завршена.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

ДКСК повторно ќе постапува по приговорот на Силјановска-Давкова за кршење на изборните правила

Дејан Дејан

Продолжуваат кампањите за претседателските и парламентарните избори

Дејан Дејан

МОН: До крајот на школската година училиштата треба да одработат три саботи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе