Најважни Ракомет Спорт

Македонија останува во Египет: Го победивме Чиле за место во главната фаза

Македонската ракометна репрезентација се пласираше во втората фаза на Светското првенство во Египет по денешната победа од 32-29 во последното коло од групата Г.

Нашите ракометари се вратија психолошки по двата тешки порази во првите две кола од Шведска (12 разлика) и Египет (19 разлика). Ова е шеста победа против Чилеанците во шестиот меѓусебен натпревар, четврти на големите натпреварувања.

Победата ја остваривме со добра игра во второто полувреме, бидејќи по првиот дел имавме негатива од 16-17. Кон средината на вториот дел имавме добра серија од 5-1 по која поведовме со четири голови разлика. Игравме рутинирано и ја одржувавме предноста до самиот финиш за конечни 32-29.

Никола Митревски блескаше на голот со 14 интервенции, додека во нападот Кире Лазаров беше најефикасен со осум голови и воедно го одигра својот 40-ти меч на Мундијалите. Никола Костески и Жарко Пешевски постигнаа по пет погодоци.

Во главната фаза од турнирот, Македонија ќе вкрсти со групата Х, а таму наши ривали ќе бидат Русија, Словенија и Белорусија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Андреева ја шокираше Швјонтек, Сабаленка лесно против Кијс (ВИДЕО)

Дејан Дејан

Денвер едвај ги совлада десеткуваните Лејкерс без Џејмс и Дончиќ (ВИДЕО)

Дејан Дејан

„Еден-два“ на Мекларен во квалификациите за ГН на Австралија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе