Ракомет Спорт

Македонија на отворањето против Шведска

Македонската машка ракометна репрезентација само 24 часа по пристигнувањето во Каиро ќе го одигра првиот натпревар на Светското првенство, а противник ни е селекцијата на Шведска.

Нашата селекција во последен момент успеа да обезбеди настап на Мундијалот откако репрезентацијата на Чешка мораше да го откаже учеството, но и покрај фактот што во последен момент допатувавме во Египет, нашите ракометари се подготвени за новите предизвици.

За нас ова е петти последователен, а вкупно седми настап на Светски шампионати, а на големите натпреварувања по втор пат се соочуваме со репрезентацијата на Шведска. Во првиот меч пред осум години во Ниш, Македонија успеа да освои бод играјќи 26:26 и со тој резултат го најавивме походот кон најдобриот резултат во историјата на нашиот национален тим.

Вториот меч го одигравме неколку месеци подоцна кога во рамките на квалификациите за пласман на Олимписките игри бевме поразени со 27:23.

Нашата селекција во Египет допатува во подмладен состав, но е предводена од капитенот Кире Лазаров и искусните Стојанче Стоилов и Никола Митревски, а во составот се и ракометари кои веќе имаат искуство од настапи на големите натпреварувања. Во екипата се дури седум дебитанти и за нив ова ќе биде огромно искуство за продолжението на кариерата.

Во пресрет на првенството Шведска се соочуваше со големи проблеми околу составувањето на екипата. Во еден момент и нивното учество во Египет беше доведено во прашање, но сепак тие допатуваа во Каиро, но селекторот Глен Солберг не може да смета на девет ракометари и тоа Никлас Екберг, Андреас и Лукас Нилсон, Јаспер Нилсен, Линуд Аренсон, Албин Лагергрен, Антон Линдског, Хампус Ване и голманот Апелгрен.

Натпреварот се игра во Каиро, а почетокот е закажан за 20 часот и 30 минути.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

МЗТ го испушти баражот: Ќе има шанса да му се реваншира на Широки во плејофот

Дејан Дејан

Мартин славеше во Португалија, прв подиум за дебитантот Акоста

Дејан Дејан

Хубер со неверојатни скокови дојде до титулата во ски летови на Планица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе