Ракомет Спорт

Лазаров: Подготвени сме за добар резултат во Египет

Ракометната репрезентација на Македонија повторно е дел од едно големо натпреварување. Генерацијата предводена од капитенот Кире Лазаров кој пред 22 години токму во Египет ја почна кариерата на Мундијалите има можност повторно да биде дел од светската елита. И покрај фактот што на првенството допатувавме како прва резерва, екипата е подготвена за сите предизвици со надеж дека ќе забележиме нов добар резултат. Прв противник во оваа фаза од шампионатот е репрезентацијата на Шведска.

“Шведска е ракометна велесила, за жал со целата ова ситуација околу пандемијата во Египет доаѓаат со десеткуван тим и тоа треба да се искористи. Ни се укажа шанса да бидеме многу поконкурентни во тој натпревар и верувам дека можеме да изненадиме и да завршиме со позитивен резултат. Лично јас сум среќен што Македонија е дел од овој шампионат бидејќи оваа репрезентација има огромен потенцијал имаме играчи со голем талент, кој во блиска иднина ќе биде потврден и очекувам во следните години Македонија да го одржува континуитетот на настапи на големите натпреварувања и со посветена и напорна работа оваа генерација да ги надмине постигнувањата на претходната”, изјави капитенот Кире Лазаров.

Нашиот најдобар ракометар пред 22 години дебитираше на големите натпреварувања токму во Египет и сега во залезот на кариерата има повторно можност да настапи на Светско првенство кое се одржува токму во оваа земја.

“Бев многу среќен кога дознав дека повторно ќе настапам во Египет, место каде ја почнав кариерата на големите натпреварувања. Ќе пробам да го дадам мојот максимум како капитен заедно со поискусните да помогнеме на помладите играчи да направиме еден добар резултат и да бидеме уште поуспешни во иднина”, заврши Лазаров пред заминувањето за Каиро.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Секунди ја делеа Македонија од триумф над Велс

Дејан Дејан

Трилер завршница во Скопје: Миовски погоди во 91.минута, Велшаните се спасија во последната секунда

Дејан Дејан

Македонија против Велс: Клучен дуел во мундијалските квалификации

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе