На стартот од Светското првенство во Египет, репрезентацијата на Словенија вечерва се среќава со Јужна Кореа, а на првиот натпревар селекторот Љубомир Врањеш нема да може да смета на Урх Кастелиц и Тилен Кодрин, кои при пристигнувањето во земјата домаќин имаа позитивни резултати на тестирањето.
“Кодрин и Кастелиц се чувствуваат добро, двајцата имаа позитивни резултати на PCR тестот при пристигнувањето во Египет, а организаторот веднаш ги испрати на дополнителни прегледи за да се утврди нивната здравствена состојба. Кастелиц и Кордин за време на подготовките поради инфекција со коронавирусот беа во изолација 10 дена, а откако последните тестови беа негативни тие се вратија на тренинзите. Според сите протоколи доколку во првите 48 часа не се почувствуваат симптоми, ракометарите треба да продолжат со редовните активности, но за жал организаторите решија двајцата ракометари да испратат на дополнителни прегледи. Целава ситуација е малку нејасна, а тоа е резултат не недефинираните и некоординираните протоколи на ова првенство. Како и да е Кастелиц и Кодрин нема да играат против Јужна Кореа”, изјави докторот во репрезентацијата на Словенија, Сашо Ѓуриќ.
Словенците се дел од Х групата во која се натпреваруваат уште Белорусија и Русија.