Ракомет Спорт

Официјално: Македонија оди на СП во Египет на местото на Чешка

Македонската ракометна репрезентација ќе го продолжи континуитетот на настапи на големите натпреварувања, бидејќи ќе игра на Светското првенство во Египет, што стартува утре. Репрезентацијата на Чешка и официјално се повлече од настапот поради многуте позитивни случаи на Ковид-19 во составот.

Чесите не се во можност да имаат конкурентна репрезентација на Мундијалот па затоа денеска одлучија да не патуваат за Египет. Во нивниот состав има дури 12 позитивни ракометари на Ковид-19 и уште петмина се во карантин. Меѓу нив се и двајцата селектори Даниел Кубеш и Јан Филип.

Двајцата немаше да можат да патуваат на СП поради медицинските протоколи, а дополнителен ризик е да повикаат нови ракометари надвор од оние што беа на подготовките. Чешката ракометна федерација нема да се соочи со сакнции од ИХФ поради повлекувањето од Светското првенство во последен момент.

Македонија сега ќе игра во Групата Г, каде што е домаќинот Египет потоа Шведска и селекцијата на Чиле, која два пати ја совладавме на пријателски натпревари во Скопје минатата недела. Репрезентацијата што поскоро ќе мора да замине за Каиро, бидејќи во четврток во рамки на 1.коло ќе играме со Шведска. Во 2.коло на 16 јануари се среќаваме со домаќинот Египет, а во последното коло на 18-ти играме со Чиле.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Секунди ја делеа Македонија од триумф над Велс

Дејан Дејан

Трилер завршница во Скопје: Миовски погоди во 91.минута, Велшаните се спасија во последната секунда

Дејан Дејан

Македонија против Велс: Клучен дуел во мундијалските квалификации

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе