Конечно е расчистена и втората дилема околу учесниците на Светското првенство во ракомет кое почнува утре.
Ракометната федерација на САД го извести ИХФ дека се повлекува од настапот на Мундијалот поради голем број на позитивни резултати на инфекција со коронавирусот.
Според редоследот на резерви за учество на шампионатот, местото на селекцијата на САД ќе го заземе репрезентацијата на Швајцарија, која настапи во Е грипата заедно со селекциите на Австрија, Франција и Норвешка.
Швајцарците првиот натпревар ќе го играат в четврток против Австрија.