Вести Македонија

Почина академик Георги Старделов

Денеска на 90 годишна возраст почина академик  Георги Старделов, поранешен претседател на МАНУ, еден од столбовите на македонската филозофска мисла и наука.

Академик Георги Старделов e роден во Гевгелија, 28 август 1930 за со сиот свој труд и дело низ години важи за филозоф, естетичар, есеист, книжевен критичар, антологичар, теоретичар и историчар на културата.

Веста за неговата смрт ја соопштија од Филозофскиот факултет на нивниот официјален Фејсбук.

Во голема жалост ја споделуваме веста дека денес, на 90 годишна возраст, почина академик Георги Старделов, еден од столбовите на македонската филозофска мисла и науката за убавото.

Академик Георги Старделов e роден во Гевгелија, 28 август 1930, филозоф, естетичар, есеист, книжевен критичар, антологичар, теоретичар и историчар на културата. Дипломирал на Филозофскиот факултет, на Катедрата за филозофија на Универзитетот во Белград (1953). Докторирал Филозофија на Универзитетот во Скопје (1965). Професор е на Филозофскиот факултет во Скопје (1966–1995), и негов декан (1975–1977), прв декан на интердисциплинарните студии по новинарство (1977–1981), претседател на Филозофското друштво на Македонија и на Југославија, претседател на Друштвото на писателите на Македонија и претседател на македонскиот ПЕН центар. Почесен член е на Друштвото на уметници во Шпанската кралска академија и редовен член на Европската академија на науките и уметностите. Професор гостин е на неколку југословенски, европски и американски универзитети.

“Plenus annis abiit, plenus honoribus.”, напишаа од Филозофскиот факултет

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уапсен Бедри Бериша – треба да издржува затворска казна, иако се најде на список за помилување на екс претседателот Пендаровски

Sasko Dimovski

Сè уште немаме добиено пари од државата за здравствена заштита на животните, реагираат ветеринарните друштва – АХВ во финансиски проблеми

Sasko Dimovski

Директор на детска градинка во Штип преку фиктивни фактури го оштетил буџетот за над 100 000 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе