Македонија

Се намалува бројот на нови случаи во Струмица, но рано е за опуштање – предупредуваат лекарите

Помалку пациенти, но со сериозна клиничка слика. Ваква е состојбата со Ковид-19 во струмичката Општа болница. Директорот Наќе Гогов вели дека конечно по неколку тешки месеци не се со преполни капацитети.мвр

Струмичката болница отвори дневна Kовид-амбуланта на местото на две постоечки, а во процес на монтажа е и модуларната Kовид-болница.

Овие капацитети треба да му помогнат на поширокиот струмички регион за сместување и третман на пациенти во текот на пандемијата.

Во струмичкиот регион има околу 420 активни случаи на Kоронавирус.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пронајден возачот што удри девојче и избега од местото на несреќата

Дејан Дејан

Најдолгиот ден во годината го најави почетокот на летото

Дејан Дејан

„Кармина Бурана“ е почеток на долга соработка – рекоа од македонската, софиската филхармонија и грчкиот оркестар пред вечерашниот настап

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе