Македонија

Скратени програми за матура за само четири предмети

Заврши пријавувањето за државна матура. Иако министерката за образование Мила Царовска на отчетот за 100 дена Влада вети дека „испитите ќе се одржат по скратени и поедноставени наставни програми и прашања“, според  дописот од Бирото за образование до МОН прашања по скратени предмети ќе има само за четири предмети:  Македонски јазик, Хемија, Физика и Географија. За останатите предмети Бирото поценило дека нема потреба од кратење на програмите туку препорачува „членовите на комисиите за подготвување за испитите да се насочат да изготват прашања од пониско ниво и истите да не се состојат од барање на фактографски детали“.

Од МОН не одговорија директо на прашањето на Телма, зошто министерката Царовска не опстои на ветувањето за скратени програми по сите предмети, ниту што значат насоките за најголем дел од предметите да се подготвуваат „прашања од пониско ниво и истите да не се состојат од барање на фактографски детали“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Жена приведена во Ресен при обид за кражба

Tea Dimkovska

Вајц: ЕУ не бара менување на идентитетите, потребни се доверба и дијалог меѓу Скопје и Софија

Tea Dimkovska

За реконструкција на Владата Димитриевски смета дека ЗНАМ ќе продолжи и сака да менаџира со ресорите во кои е поставен

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе