Министерот Бујар Османи има најпозитивни оценки за годината што изминува, заради членството во НАТО и одлуката за меѓувладина конференција со Европската Унија. 2021-ва ја гледа како година кога ќе почнат преговорите со ЕУ, за што има огромна поддршка.
Опозициската ВМРО ДПМНЕ побара лоцирање на одговорноста за неуспешното отварање на преговорите и поставување црвени линии.
Османи уверува дека македонскиот идентитет никогаш не бил предмет на преговори, а идеи ќе продолжат да се разменуваат до изнаоѓањето решение.
Во почетокот на наредната година, ќе се одржи состанок со бугарските власти заради подобра соработка во образованието, транспортот, екологијата, а во целата година, барем пет средби на комисиите за историски прашања, најави министерот Османи во Годишниот извештај презентиран пред Комисијата за надворешна политика.
Соња Николовска
