Ковид19 Македонија Топ вести

Владата ги активирала сите механизми за набавка на вакцини, но не се знае колку ќе стигнат во Македонија

Грција, Полска, Бугарија се земјите преку кои земјава ќе набавува вакцини за Ковид-19 преку системот на Европската унија за дистрибуција на 100 милиони вакцини за земји надвор од Унијата, но освен оние 833.000 вакцини кои треба да стигнат во земјава преку КОВАКС системот на СЗО, за останатите вакцини од Владата се уште нема информација ниту за количината ниту за тоа кога би стигнале во земјава.

„Од овие 800.000 дози од овие 100 милиони, дел од првата пратка што ќе стигнат од Грција ќе бидат наменети за македонските граѓани, така што прецизен одговор во овој момент не би можеле да кажеме. Меѓутоа најконкретно би знаеле на почетокот на наредната година“, изјави владиниот портпарол, Душко Арсовски.

На прашањето дали единствената бројка на вакцини која е позната се 833 илјади преку КОВАКС системот, кои е најавенод ека ќе стигнат некаде во март, а за другите не се знае се уште ни бројка ни временски кога би биле, одговорот од владата е: „Дозволете да ви одговориме на ова дополнително“

Последната најава за донација на вакцини за Македонија пристигна вчера од Бугарија, но без конкретна бројка и време кога би се случило тоа. За донацијата на фејсбук се огласија и макеондскиот и бугарскиот, но ни Заев ни Борисов не напишаа за колку вакцини се работи.

Освен ситемот на Ковакс и оној на ЕУ за дистрибуција, Македонија вакцини ќе набавува и директно од производителите за што веќе се контактирани „Фајзер“ и „Астра Зенека“. Одговор до дега стигнал само од „Фајзер“ кој најавил, како што информираа од Здравство, дека за Македонија би можел да испорача вакцини во втората половина од идната година, но без детали за колкава количина се работи.

Од Владата инаку информираа дека навреме се почнати сите процедури за набавка на вакцините, иако откако најавената измена на Законот за јавни набавки, за без тендер да може да се врши набавака на вакцините од производителите, се покажа како непотребна бидејќи Законот веќе го овозможуува тоа, вчера таа наложи други измени во Законот за да се набават вакцините.

„Министерството за финансии и Бирото за јавни набавки, во соработка со Министерството за здравство, во рок од најдоцна пет дена треба да изготват Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки со што ќе се овозможи плаќање на аванс поголем од 20% од цената и ослободување од обврската за обезбедување банкарска гаранција за авансно плаќање во постапките за јавни набавки директно поврзани со справувањето со епидемии и пандемии на заразни болести“, се наведува во одлуката на владата.

Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации кои ги следат процесите околу јавните набавки смета дека причините за измените и самите измени треба да бидат потраспарентни.

„Жалам што немаме повеќе информации како јавност дали на барање на фирмите со кои што, како што разбравме, се преговара, се прави оваа измена, односно дали тие нудат услови поинакви од колку што ги дозволува законот. Не знаеме и апелирам кога се интервенира во закон, да се зголеми транспарентноста, да се знае зошто тоа се прави, од кои причини и дека тоа навистина мора да се направи“, вели Герман Филков, од Центар за граќански комуникации.

Иако двете министерства и на бирото за јавни набавки имаат само пет дена за измените, тие потоа треба да бидат доставени до Собранието.

„Очигледно нема да има консултации со јавноста, очигледно дека ќе се направи набрзина измената и тоа ќе зависи од Собранието за колку време ќе ја усвојат, па да се објави, па да стапи на сила. Така што мислам дека ќе одземе одреден број денови, секако повеќе од пет“, е ставот на Филков.

Според него измените треба да бидат внимателни и рестриктивни за да не создадат дисторзии на други набавки и во самиот системот за јавни набавки.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Воз излетал од шините: Железничката линија Скопје-Солун нема да функционира

Дејан Дејан

Анализите на Фајнанс Тинк покажале дека замрзнување на маржите даваат краткорочен, но не ѝ долгорочен ефект

Дејан Дејан

Според Битиќи замрзнување на маржите од страна на ВМРО-ДПМНЕ е ситуација на „мора да има“ односно „панична реакција“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе