Вести Македонија Најважни

Угостителите обвинуваат за селективни мерки, бараат од Уставен оценка на одлуката за скратено работно време

Чекаа на средба и разговор во Владата и завршија со иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста на последниот сет мерки со кои им се ограничува работното време. Угостителите огорчени, обвинуваат за селективност при носењето на последниот сет рестирктивни мерки со кои тие се најдоа на удар и од кои ќе претрпат најголеми загуби бидејќи работното време дополнително им се крати до 18 часот. Велат дека тие се посочени како причина за ширење коронавирусот во Македонија

Од Независната угостиетлска комора очекуваат дека Уставниот суд ќе биде ажурен и ќе ја разгледа ниваната иницијатива во најкус можен временски рок.

Средба ќе има во наредниот период велат од Владата без да прецизираат кога, а финансиската помош би се реазилирала во првиот квартал од наредната година. Сумата дополнително ќе се утврдува.

Од Комората повторија дека со кратењето на работното време угостителите во наредните триесетина дена ќе загубат околу 20 милиони евра.

Послкедниот сет на рестриктивни мерки кои ги усвои Владата а кои стапуваат на сила денеска и ќе траат до 20 јануари предвидува уготителите да работат до 18 часот, се забрануваат новогодишни прослави на градските плоштади и во рамките на фирмите. Предвидена е и забрана за изнајмување на станови и куќи во туристичките и ски центрите иако за тоа нема прецизен законски механизам за контрола и казна.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осомничениот за палење на возила на бугарска амбасада е брзо идентификуван, случајот ќе се води по итна постапка

Дејан Дејан

Променливо облачно и топло со сончеви периоди, попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд – Временска прогноза за 17.6.2026

meteo

Грција со мерки за намалување на гужвата на границата со Македонија

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе