Го разбира обвинението дека ја злоупотребил службената положба, но не признава вина. Ова се зборовите на првото рочиште против поранешниот претседател на врховниот суд Јово Вангеловски. Во судницата тврдеше дека судијката Неделкова во ноември пред две години отсуствувала од работа и од општи седници на Врховен затоа тој не и` исплатил додаток од 35 проценти, за што и е обвинет. Судијката Неделкова му врати дека не е така и очекува Вангеловски да одговара.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
