Вести Македонија Топ вести

Седум грчки учебници го менуваат терминот ПЈРМ со Северна Македонија

Во седум грчки учебници за основно образование ќе се менува терминот ПЈРМ со Северна Македонија.

Во циркуларното писмо од министерството за образование пишува дека врз основа на соодветните одредби, „одлучено е да се коригира терминот „ПЈРМ“ во печатените и дигиталните изданија на учебниците за основно образование, согласно Спроведување на Договорот од Преспа во врска со името и терминологијата на соседната земја.

Корекциите треба да се направат во седум учебници, меѓу кои и учебниците по географија, по англиски и германски јазик, а одлуката е испратена до издавачките куќи надлежни за издавање на конкретните учебници.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Не поседувала хациенда со базен“ – Славјанка Петровска ја доби тужбата за клевета против Драган Ковачки

Mirjana Joveska

На клупа во парк во Шуто Оризари оставено бебе старо седум-осум месеци

Дејан Дејан

Поскапуваат кредитите? НБРМ ја качи основната каматна стапка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе