Македонија

Антикорупциска предупредува, но никој не ги слуша

Непотизам, односно вработување на блиски лица на поранешни и сегашни функционери, злоупотреби со апанажите, патните трошоци, службените возила и платежните картички во странство, се само дел од бројните случаи за кои антикорупционерите дале препораки, но никој не ги зема предвид.

Дадени се опомени и насоки и за разрешување, но раководните лица во управните и надзорните одбори не ги почитуваат. Во последно време се злоупотребува и функцијата в.д. директор, а беше укажано и на најновиот случај со Куштрим Рамадани, кој е поставен за претседател на Управен одбор во МЕПСО.

Граѓанските организации укажаа дека антикорупциската комисија е немоќна ако нема независно судство што ќе ги истера случаите до крај. Потсетија на случаите за време на пандемијата, кои не завршија во судница.

Министерството најавува национална антикорупциска стратегија, но и тие сметаат дека законите во овој случај не се доволни.

Шефот на Делегацијата на ЕУ, Дејвид Гир, рече дека корупцијата не е само наш проблем, туку е предизвик со кој се соочуваат сите држави во светот.

Еден од заклучоците од дискусијата е дека, освен преку личен пример и професионално однесување, потребно е и  зголемување на бројот на конечни пресуди за корупција на високо ниво, вклучително и со конфискација на имот стекнат на криминален начин.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Од полноќ ќе важат нови цени на горивата, соопшти Регулаторната комисија за енергетика

Дејан Дејан

Судење за Пулс: Обвинетите полицајци не ги направиле потребни проверки и со тоа дискотеката „Пулс“ добила лиценца за работа

Дејан Дејан

Мицкоски: Денеска минимално поскапување на горивата, од следна недела значително ќе се намалат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе