Вести Македонија Топ вести

28 починати и нови 1.120 инфицирани со корона вирусот

Битката со КОВИД 19 во изминатово деноноќие ја загубија 28 пациенти, на возраст од 45 до 82 години. најмногу починати има во Скопје – седум луѓе, пет во Прилеп, и по еден до двајца во другите градови. Сите починале во болнички услови.

Новоинфицирани се 1.120 луѓе од направени 2993 тестирања. Најмногу се во Скопје-507, Куманово-60, Штип-30, Прилеп-52, Тетово-37, Струга-35, Велес-31, Битола-36, Охрид-49, Кавадарци-33, Гостивар-56, Гевгелија-8, Струмица-43, Крива Паланка-6, Радовиш-10, Крушево-3, Кочани-16, Пробиштип-2, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Пехчево-6, Берово-15, Валандово-5, Виница-7, Делчево-25, Кратово-2, Свети Николе-4, Кичево-16, Ресен-8, Неготино-16.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 916 оздравени пациенти. Во моментов активни случаи се 21.854, а бројот на починати 1977.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео+фото)Запалени дипломатски возила пред Бугарската амбасада во Скопје- бугарските медиуми го објавија потпалувачот

Mirjana Joveska

Објавена е стихозбирката „Друго е на сонце!“ од Бојана Низамовска со илустрации на Руки Чуки

Mirjana Joveska

Полициските службеници обвинети дека не извршиле проверки на „Пулс“ негираа вина

Mirjana Joveska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе