Македонија Топ вести

100 дена од изборот на новата влада

„Владата донесе одлука со механизација и вработени на Јавното претпријатие за магистрални и регионални патишта да се урне дивоградбата во Трговскиот центар Мавровка“.

Ова е првата одлука на оваа Влада, донесена на првата седница одржана на први септември, заедно со усвојувањето на протоколите за наставата во основните и средните училишта и информацијата за повторно отварање на градинките.

Требаше да означи нова ера во бескомпромисно справување со криминалот и корупцијата. Два дена претходно, при изборот на Владата во Собранието, премиерот Заев ја презентираше четиригодишната програма и вети подинамичен економски раст, ефикасна правна држава, активно членство во НАТО, успешен почеток и завршница на преговорите со ЕУ, како и успешно справување со светската пандемија на ковид 19.

100 дена подоцна, од Владата велат дека подготвуваат отчет за се што е до сега сработено, но ќе го презентираат најверојатно на 103-от ден од изборот на Владата.

Првата јавна оценка поединечно ја даде министерот Бујар Османи, без да го спомене мандатното писмо, што ќе биде основа за увид во реализацијата на неговите обврски, како и кај другите министри.

Опозицијата ја смета оваа Влада за корумпирана и неспособна да се справи со проблемите во државата. ВМРО ДПМНЕ најави дека веднаш по истекувањето на стоте дена, ќе поднесе интерпелација за премиерот Заев, што значи-за целата Влада.

Секој ден на секој протест, бараат оставка од него како и од министерот Филипче, кого го сметаат за одговорен за големиот број заболени и починати од корона.

Алијанса-Алтернатива се придружува на критиките, посебно заради проблемите во справувањето со ковидот, економскиот пад и неуспешните разговори со Бугарија.

-Ги повикуваме  Заев, Димитров и Османи да дадат оставки и да остават простор за формирање нова, техничка Влада, која ќе може да се справи со тројната криза – економска, здравствена и дипломатска. Проширената Влада ќе има една главна задача: да ја подготви земјата за предвремени избори заедно со локалните, изјави Арбен Фетаи од Алијанса – Алтернатива.

Опозицијата нема поддршка од 61 пратеник за да изгласа недоверба на Владата.

Но, при евентуалната интерпелација во Собранието, од премиерот Заев пред се, се очекува да ги увери пратениците дека Владата ги презела најсоодветните чекори при справувањето со најтешката здравствена и економска криза, како и при неуспешните обиди за тргање на бугарското вето од стартот на преговорите со Европската Унија.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Намалување на царинските стапки за одредени производи, а не удар врз компаниите преку маржите сметаат трговците

Дејан Дејан

Војната во Украина удри и врз македонската индустрија

Сашо Чавдаров

Операта „Набуко“ проследена со овации од публиката

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе