Македонија

Коѕијас: Бугарскиот шовинизам создава проблеми во регионот

Сериозен проблем се создаде во нашиот регион, поради шовинистичкото откопување на македонското прашање од радикалните националисти од Бугарија, пишува поранешниот министер за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас на почетокот од неговата колумна за „Независната балканска новинска агенција“ и објаснува дека „станува збор или за јасни радикални десничари како што е актуелниот министер за одбрана и за некои други бугарски политичари што сакаат да ги поддржат нивната предизборна битка и нивните лични стратегии“.

Во колумната под наслов „Ставот на бугарскиот шовинизам во македонското прашање“, поранешниот шеф на грчката дипломатија, професор по меѓународни односи и член на движењето „Прато“, Никос Коѕијас пишува за бугарското вето, ги анализира, но и ги критикува барањата и позициите на Софија, а ги коментира и ставовите на дел од грчките десничари и радикални десничари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уставен денеска ќе расправа за одлуката за разрешување на директорот на агенцијата за разузнавање

Дејан Дејан

Заменик директорот Дранго кој се сликаше со убиена мечка, наредната недела треба да даде исказ пред обвинител

Дејан Дејан

Во сабота протест во Неготино за правда на Фросина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе