Вести Магазин Македонија Наука и здравје Свет

Не знае кој е македонски премиер, крие кинеска историја, но ги урна американските берзи за трилиони долари- Кинеска AI DeepSeek

Премиер на Македонија е Димитар Ковачевски, за актуелната состојба Ве молам потврдете преку последните вести, бидејќи политичките состојби може да се променат со избори. Ова е во одговорот од последната кинеска апликација за вештачка интелигенција DeepSeek која за еден ден ги здроби американските берзи и предизвика финансиски штети од над два трилиони долари, но не знае точно кој е премиер на Македонија.

Евтина и модерна, DeepSeek верзијата на Чатбот за неколку дена стана најсимнувана апликација, а огромниот раст предизвика и серија хакерски напади врз нивната апликација.

„DeepSeek, конкурентот на OpenAI GPT, направи огромен потрес, тоа е благо кажано. Тој е како нуклеарна бомба во светот на вештачката интелигенција во САД и во Европа. Бидејќи со еден удар покажа дека вредноста на акциите поврзани со чипови за вештачка интелигенција и целата таа  инфраструктура се многу, многу превисоки. Затоа што DeepSeek може да понуди производ кој е супериорен во однос на ChatGPT за 20 пати пониска цена“, вели Френсис Лун, извршен директор на GeoSecurities.

Најтешко погоден е гигантот Nvidia, за неколку часа загуби дури 500 милијарди долари од својата вредност, додека удар претрпеа и Microsoft и Meta. ASML, холандскиот производител на чипови загуби повеќе од 10 проценти од својата вредност.

По берзанскиот потоп, Трамп виде и шанса и предупупредување.

„Објавата на DeepSeek, AI од кинеска компанија треба да биде повик за будење за нашата индустрија. Мора да бидеме најсилно фокусирани на натпревар за да победиме бидејќи ги имаме најдобрите научници во светот. И кинеските лидери ми го кажаа тоа“, изјави новиот претседател на САД, Доналд Трамп.

Будењето ќе почне со будењето на њујоршките берзи за да се увиди каков ќе биде одговорот на американската технолошка индустрија.

Но, DeepSeek освен лошото апдејтирање на информациите открива и други спорни работи кои се карактеристични за Кина. Прашањето беше што се случило на плоштадот Тианенмен во Пекинг пред 35 години.

Тогаш кинескиот комунистички режим со тенкови ги угуши масовните студентски демонстрации и предизвика илјадници мртви и протерани дисиденти. DeepSeek одговари дека таа информација не е во нивниот опсег на одговори.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Од 3.000 лиценци, прегледавме 2.810 и одземени се 427 – вицепремиерот Николоски за состојбата во градежништвото

Дејан Дејан

Почина Светлана Броз, внуката на Јосип Броз Тито

Дејан Дејан

Тројца убиени, 14 повредени – масовно пукање во САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе