Спорт Формула 1

Историска трка на Ферстапен во Бразил: Тргна од 17.место и дојде до триумф на дождливиот „Интерлагос“

Макс Ферстапен уште еднаш покажа зошто е трикратен светски шампион и еден од најдобрите возачи во историјата на Формула 1. Возачот на Ред Бул денеска трката во Бразил ја почна од 17-тото место, а на крајот триумфираше за да стави една рака на шампионската титула. Двоецот на Алпин направи сензација и се искачи на подиумот крај победникот.

Ферстапен славеше на хаотичната и дождлива трка на „Интерлагос“ исполнета со многу излетувања, две безбедносни возила, едно црвено знаме. Холанѓанецот ја оствари својата прва победа уште од јуни, кога беше најбрз на шпанското гран при.

Зад светскиот шампион финишираа двајцата возачи на Алпин, Естебан Окон и Пјер Гасли. Џорџ Расел беше четврти, зад него заврши Шарл Леклер, а шести беше Ландо Норис, кој полега ја губи битката за титулата. Во поени влегоа и Јуки Цунода, Оскар Пиастри, Лијам Лосон и Луис Хамилтон.

Ферстапен на врвот во генералниот поредок сега има 393 бодови или 62 повеќе од Норис на втората позиција. Леклер е трет со 307 бодови. До крајот на сезоната има уште три трки, а следната е за Големата награда на Лас Вегас на 23 ноември.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија

Sasko Dimovski

Хет-трик на Меси против Алжир за победнички вовед на Аргентина во одбрана на мундијалската титула

Sasko Dimovski

Мбапе со рекорд ја одведе Франција до стартна победа на Мундијалот

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе