Македонија Топ вести

ДКСК: Нема конфликт на интереси, но има влијание при именувањето на Мухамед Зекири за генерален секретар

Антикорупциската комисија го нема разгледано прашањето околу именувањето на Мухамед Зекири за Генерален секретар на Владата, но предупредуваат дека мора многу да се внимава при поставувањето на партиските кадри. Зекири е поставен на функцијата по предлог на премиерот Заев, кој е и негов кум.

По закон кумството не е роднинска врска, но влијанијата се очигледни. Сите партиски поставувања се влијанија на некој начин, но ние не можеме да постапуваме доколку не постои дирекна поврзаност, вели потпретседателката на ДКСК Катица Николовска.

За Владата нема ништо спорно, ниту конфликт на интереси, ниту хронизам во именувањето на Зекири.

Зекири доаѓа од редовите на СДСМ. Пред да влезе во политичките води беше долгогодишен новинар. Професијата ја напушта во 2016 година по што се најде на пратеничката листа на СДСМ во втората изборна единица.Тој беше пратеник и во новиот парламентарен состав, но по само неколку месеци си поднесе оставка од функцијата поради новиот ангажман во Владата.

Јулијана Пешевска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Глетката убава, а излезноста мала во скопските села Црвена вода и Палиград

Дејан Дејан

Во Радовиш се покажувале гласачки ливчиња, додека во Охрид истите се сликале

Дејан Дејан

ЈО истражува: евентуален поткуп во Делчево, поставувале водомери во неколку населени места

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе