Вести Свет Топ вести

Трамп се согласи да му ја предаде власта на новоизбраниот претседател Бајден

„Направете што е потрено за предавање на власта на Бајден, во најдобар интерес на нашата земја“ – напиша американскиот претседател во заминување Доналд Трамп до сужбата за општа администрација. Трамп и официјално го прифати поразот од претседателските избори и иако тешко, на крај се согласи дека во Белата Куќа останува само еден мандат.

Сега почнуваат протоколите со кои на 20-ти јануари новозибраниот претседател Џозеф Бајден ќе ја даде заклетвата и ќе ја преземе власта. Но, Трамп, иако се соочи со фактите, се уште стои на ставот дека тој и неговиот тим со полна пареа одат напред со доказите дека гласањето преку пошта било неисправно.

Сепак, голем дел од Републиканците ја прифатија победата на Бајден, и не реагираа на обвинувањата за изборен фалсификат. Но, она што го натера Трамп да ја наведне главата беше сојузната држава Мичиген, последна прогласи победа на Бајден.

Изборниот штаб на Мичиген ги сертифицираше резултатите од изборите на 3-ти ноември. Потврдија дека Демократот Џо Бајден го победи Доналд Трамп со 154 илјади гласови. Нормално, тоа е рутински процес во Мичиген и другите држави, но имаше многу поголем фокус, многу конроверзности бидејќи претседателот се обиде да ги потцени резултатите од изборите, не само во Мичиген, туку и во другите држави, вели новинарот во АП, Дејвид Егерт. 

Бајден веќе почна да го составува својот тим. Голем дел од нив се експерти во своите полиња кое го стекнаа во администрацијата на Обама. Она што сега следува е враќање на Америка на чело на масата на светските лидери, сметаат аналитичарите. Дека за тоа ќе треба малку време смета и поранешниот претседател.

Напаравена е штета, за што ќе треба време да се извадиме од тоа. но, нема сомнеж дека Џо ги има вистинските луѓе за тоа, и уверен сум дека ќе успеат, смета поранешниот американски претседател Барак Обама. 

Трамп останува на ставот да ги спори и резултатите од Мичиген. Но, јавноста веќе е фрустрирана од неговиот правбен тим предводен од поранешниот градоначалник на Њујорк, Руди Џулијани, кој е предмет за потсмев со неговите непостојани  јавни настапи. Републиканците три недели го убедуваа Трамп да се согласи на пораз, укажувајќи му дека државата е на прво место. Но, и дека кога сте во јавниот живот, луѓето ве паметат по она што последно сте го направиле.

 

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Хрватска може да и биде пример на Македонија за да оди по брзиот пат кон ЕУ

Дејан Дејан

Во БИХ уапсени три лица кои барале пари во замена за информации за исчезнатото двегодишно девојче Данка Илиќ

Дејан Дејан

Малолетник нападнат од неговите соученици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе