Вести Македонија Топ вести

3500 неексплодирани артилериски гранати од Првата светска војна пронајдени под Тумбе Кафе

Со полициско обезбедување и со медицинска екипа,  продолжи акцијата на Дирекцијата за заштита и спасување за отсранување на гранатите кај Стадионот под Тумбе Кафе во Битола. Заедно со првата акција кон крајот на октомври, која прекина затоа што немаше содветна механзација,  четворица пиротехничари од цела Македонија вкупно пронајдоа 3500 неексплодирани артилериски гранати со калибар од 75 милиметри од Прва светска војна. Сите тежат околу 40 тони, а во нив има 1,5 тон чист експлозив.  Се уште не се дефинирани границите на локацијата, но се претпоставува дека станува збор за голема површина,  па бројките на пронајдени гранати се очекува да бидат огромни.

-Како што ја гледаме конфигурацијанта на теренот, очекуваме минимум 10.000 илијади прачиња, што е 80 тони тежина. Тоа ако е границата до патот, ако е преку пато тогаш не можеме до кај ќе стигнеме, можеби ќе дојдеме до 30-40 илјади прачиња гранти. Ќе се работи се додека не се изваид послендата граната, вели Ефтим Митров, реководител на тимот пиротехничари во ДЗС.

Оваа опасна работа притохничарите ја извршуваат како службеници во администрација, без додадоци за ризик и теренска работа, ниту пак имаат бенефициран стаж. Веќе 15 години бараат подобрување на нивниот статус и се надвеаат дека конечно надлежните во Дирекцијата за заштита и спасување  ќе имаат разбирање  за решавање на нивните проблеми.

-За жал раковители кои се таму 15 години тврдат дека ова е старо железо па велат тоа ви е работа, отсранете го. Ако е старо железо зошто не ангажираат нас, нека викнат отпад и нека го продадат. Не  е ништо не регулирана, но, сега очекуваме дека ќе ни дадат за  прекувремена работа по 50 -100- денари на ден, вели Митров

Во Битола речиси да нема градежна активност а да не се пронајдat  гранатi  или бомбi заостанати од Двете светски војни. Но, ова е досега најголемата количина неексплодирани средства пронајдени во државата. Се склaдираат  несоодветно, во магацин во старат касарна во Битола, во центарот на градот, иако овие складишта треба да се оддалечени најмлаку 15 киломтри. Но, по реакцијата на пиротехничарите за оапсноста од ваквата појава, сега магацинот е  обезбеден со 24 часовно физичко присуство. Во декември во голема акција за која се подготвуваат неколку тимови, гранатите пронајдени под Тумбе кaфе ќе се уништуваат на воениот полигон Криволак.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Артан Груби и Енвер Беџети на црната листа на Стејт департментот- земале мито за судењата на Сашо Мијалков

Дејан Дејан

Ахмети побара од Уставниот суд да ги отфрли иницијативите за Законот за јазици

Дејан Дејан

Уставен суд нема да ги коментира медиумските објави и апелира на воздржаност

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе