Вести Македонија

Фатен Агим Исмаиловиќ, обвинетиот за Монструм

Полициски извори за Телма потврдија дека е пронајден и уапсен Агим Исмаиловиќ, еден од обвинетите во случајот Монструм кому денеска му беше определен притвор.

Претходно обвинетиот не беше достапен за полицијата иако денеска бил на судското рочиште кое е одложено и по кое е определена мерка притвор за Исмаиловиќ и за Фејзи Азири.

Според сознанијата на Телма, Исмаиловиќ првично не бил достапен на полицијата. Но пред 16 часот, полициски патроли од одделот за потраги го лоцирале во населбата Ченто во областа на улица Алија Авдовиќ каде што и живее. Полицијата го привела по што ќе следи реализацијата на судската одлука за определен притвор.

ТВ 21 објави дека тие го снимале Исмаиловиќ во неговиот дом, каде дошла полицијата и го привела.

Кривичниот суд објави дека за двајца обвинети (Фејзи Азири и Агим Исмаиловиќ) за 5-кратното убиство на Смилковското Езеро е определен притвор по барање на обвинителката Фатиме Фетаи.

Фетаи барала притвор затоа што сметала дека постои опасност од бегство поради приближување на крајот на судскиот процес за случајот познат како Монструм.

Но додека кривичниот судски совет одлучувал по обвинителското барање за притвор, Исмаиловиќ и останатите обвинети непречено ја напуштиле зградата на скопскиот кривичен суд. Кога одлуката е донесена, Исмаиловиќ не бил во судот по што е издадена наредба за негово наоѓање и носење во притворското одделение во Шутка. Полицијата кога проверувала во неговиот дом не го нашла, но подоцна е пронајден и обезбеден.

Исмаиловиќ и Азири се обвинети во случајот Монструм кога на 12-ти април 2012-та беа убиени 4 момчиња и еден жител на Смилковци во близина на Смилковско Езеро. Обвинетите веќе беа осудени на доживотна казна но таа беше укината во Врховниот суд, а случајот го презеде СЈО. Во бегство се и двајцата првообвинети (Алил Демири и Африм Исмаиловиќ) во предметот кои избегаа на Косово, но не беа екстрадирани иако имаше такво барање.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе