Локомотива- Центар за нови инцијативи во уметноста и културата од
четврток до сабота, ќе ја реализира програмата „ Музичка
култура“, која се занимава со истражување, контекстуалиација и презентација на
музичката култура. Програмата обединува серија од три настани посветени на тројца современи
домашни музички автори, од различна генерација, чија работа се движи
во линија меѓу светската и локалната-автохтона култура во полето на
електронската музика.
Секој настан ќе започне во 19 часот, со краток разговор , преку кој публиката ќе се запознае со
авторот, неговото творештво и актуелен процес на работа, но и со
можностите за креација и настапи на независните музичари кај нас, а
особено сега во пандемски услови. Ќе настапат авторите: Дева – Виктор Ирвин Иванов ( во четврток), Мирко Попов (во петок) и Роботек – Горан Атанасовски (во сабота).
Настаните ќе се реализираат во Младински културен центар – кино Фросина,
без публика, а ќе може да се проследат преку директен стриминг пренос
во живо преку линк објавен на Фејсбук страните на Локомотива – Центар за
нови инцијативи во уметноста и културата и Младински културен центар,
непосредно пред почетокот. Разговорот ќе го води Виолета Качакова
„ Музичка култура“, е програма на Локомотива развиена во рамки на проектот
“Програма на Локомотива во Кино Култура проектен простор за современи
изведувачки уметности и современа култура”, подржан од Министерство за
култура на Република Северна Македонија, курирана од Виолета Качакова, а
координирана од Зорица Зафировска.
Програмата се реализира во партнерство и соработка со Младински културен
центар и ПМГ Рекордингс.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
