Македонија Топ вести

Коста Петров в.д директор на ФИТР, Деспотовски в.д. директор на ТИРЗ

Коста Петров е назначен а в.д директор на Фондот за иновации и технолошки развој, а досегашниот директор Јован Деспотовски е именуван за в.д. директор на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони, одлучи Владата на синоќешната седница.

Меѓу одлуките е и Самка Ибраимовски да биде назначен за в.д. заменик директор на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта „Македонија пат”. Поточно, како што стои во соопштението од Владата, таа му порачува на Управниот одбор на претпријатието да го избере Ибраимовски за в.д. директор.

Владата ги прифатила и оставките на досегашниот директор на Управата за извршување санкции Јовица Стојановиќ и на директорот на затворот во Куманово, Марјан Спасовски. Со новите одлуки, Стојановиќ е именуван за в.д. директор во Казнено поправен Дом Идризово со отворено одделение во Велес, а Спасовски го именува за в.д. директор на Управата за извршување на санкции. За в.д директор на затворот Куманово е назначен Ненад Цветковиќ.

Според соопштението од Владата, Бесник Елези е именуван за в.д. заменик директор на Агенцијата за храна и ветеринарство, Ардиан Муслиу  за в.д. директор на Државниот просветен инспекторат и Митко Крстевски за директор на Службата за просторен информативен систем.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео) Изложба „Пркосните 12“ во КЦ Јадро – фотографијата како средство за комуникација и експресија

Дејан Дејан

Соочени со дискриминација во остварувањето на законските права – воените ветерани од „Братство 2001“ на средба со Сиљановска-Давкова

Дејан Дејан

Топ Тема – Дали „Безбеден град“ ги дава првите резултати: Сообраќајните незгоди намалени до 26%, брзината останува најголем „убиец“ на патиштата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе