Вести Македонија Топ вести

Националните институти без плата за септември

Ако државата не може да исплати плати на националните институти, тогаш укинете не’ – е реакцијата на дел од вработените откако добиле известување дека нема да ја добијат септемвриската плата заради измени во законот за научно истражувачка дејност. Повеќе од двесте вработени во 7 високи научно образование чекаат владата да ги усвови предлог измените на министерстовто за образование и да ги испрати до собранието. Револотот на вработените доаѓа, бидејќи директорите и министерстовто имале цела година пред себе за да ги завршат измените.

„Како да го толкуваме известувањето дека платите за септември ќе доцнат минимум две недели само за националните институти? Па укинете нѐ! Скратете ни ги маките!!!

Проблемот настанал откако неколкумина вработени како млад и стручен кадар во изминатите 5 години не магистрирале или докторирале навреме, а оваа неделеа им истекол законскиот рок. Директорите, последниот ден од рокот побарале од надлежното министерство наместо прекин на работниот однос да го продолжи рокот за магистрирање или докторирање за нови 5 години. МОН се согласиле, на потег е владата.

„Измените на Законот за научно истражувачка дејност со кои се овозможува континуирано ангажирање на млад научен кадар и негово оспособување за работа, а воедно и се  допрецизираат правата и обврските на соработниците вработени во научните институти чија дејност е од стратешки и национален интерес за државата, се во владина процедура.“

Плата нема да земат ниту историчарите од мешовитата комисија кои водеа дводневни преговори за повеќе историски прашања со Бугарија. Од владата обајснуваат дека законот за за научно истражувачка дејност со кои се овозможува континуирано ангажирање на млад научен кадар и се  допрецизираат правата и обврските на соработниците вработени во научните институти се во владина процедура. По нивно усвојување, ќе бидат проследени до Собранието на понатамошно постапување, е ставотна владата, но ниту една инситуција не знае колку време научниците во МАкедонија ќе останат без редовната септемвриска плата.

 

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Арсовски: Македонија е во релативно статична ситуција по две години од промена на власта, премиерот и владата го игнорираат Преспанскиот договор како што и рекоа

Sasko Dimovski

Србија го екстрадира Саит Саитов кој во јануари усмрти жена во скопски Капиштец и избега од местото на настанот и од државата

Sasko Dimovski

Ти благодарам што истресе се од тебе – Тошковски кон Апасиев кој му ги посочи валканите партиски полицајци на расправата за неуспешната интерпелација

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе