Спорт Фудбал

Ангеловски го објави списокот,Елмаз го пропушта Косово

Елиф Елмаз поради позитивен тест на Корона вирусот нема да биде во составот на Македонија за мечот со Косово од полуфиналниот плеј – оф за  пласман на ЕП-во.Селекторот Игор Ангеловски повика 23 фудбалери за историскиот меч како и за двата   редовни натпревари со  Естонија и Грузија од новото издание во Лигата на нации.

 

Горан Пандев ќе ја предводи македонската селекција на историскиот натпревар против Косово од полуфиналениот бараж во Лигата на нации за место на ЕП-во.Покрај искусниот капитен на списокот се уште 22 фудбалери.Ферхан Хасани е повикан на местото на Елмаз откако играчот на Наполи имаше позитивен тест на Ковид 19.На голманската позиција конкурираат Димитривески,Шишковски и Божиновски.Во одбраната, Ристовски,Муслиу,Бејтулаи,Ристевски,Зајков,Велковски и Тошевски.Во средниот ред,Адеми,Барди,Спировски,Николов,Алиоски,Костадинов и Хасани и во нападот,Пандев,Несторовски,Трајковски,Тричковски,Стојановски и Велкоски.

Македонија го пречекува  Косово во четврток,08.10 на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје а потоа има уште два меча од втората сезона во Лигата на нации,гостување кај Естонија  на 11 октомври и дуелот  на домашен терен со Грузија на 14-ти.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Конте потврди: Кварацхелија сака да си замине

Дејан Дејан

Вардар почна со подготовки, Комити го блокираа тренинг-кампот

Дејан Дејан

Клеман најбрз на слаломот во Аделбоден

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе