Култура

Првиот македонски филм за деца „Стела“ премиерно на Cinedays во петок

Со почитување на протоколите, да се отворат кината и театарите, побара Огнен Антов, продуцент на првиот домашен филм за деца „Стела“. Филмот ќе биде премиерно прикажан в петок, на отворањето на фестивалот на европски филм Cinedays. „ Стела“ е снимен како македонско –српско- германска копродукција., по сценарио на Ева Камчевска, а во режија на Стојан Вујичиќ.

По краткометражните „Допир“ и „Брат за еден ден“, каде во фокусот се децата, режисерот Стојан Вујичиќ  го сними и првиот македонски долгометражен филм за деца и семејство,  насловен „Стела“. Неговата порака е, да им се ослободи место на децата во општеството, за да се реализираат, потенцира режисерот.

  • Децата во нашето општество , иако се деца, иако мислиме дека ние ги воспитуваме, им даваме насоки , мора да им ослободиме простор кога ќе дојде времето, за да си ја докажат својата индивидуалност. Во спротивно, ќе добиеме бунтовници кои ќе се борат до крај и нема ни на нив да им биде јасно, зошто и како, вели режисерот Вујичиќ.

Низ приказната за кучето Стела, еден дедо и едно дете, филмот ги отвора темите за одроденоста на современиот човек, неприфаќањето на различноста и булингот меѓу младите. Петар Маниќ, кој го игра малиот Никола, признава дека и самиот бил жртва на малтретирање.

  • Немаше нешто да се работи на ликот поради тоа што и јас самиот, исто некогаш сум бил жртва на тоа, рече 13 годишниот Маниќ.

Во филмот настапуваат и Мони Дамевски, Тони Михајловски, Христина Поповиќ од Србија и нашиот Дејан Лилиќ.

  • Мојот ракурс на целиот овој филм и на мојата улога е односот маж-жена, маж, жена, дете и семејство. Колку е тоа важно, потенцира актерот Лилиќ.

„Стела“ е еден од 40 филмови , во седум програми, кои ќе бидат прикажани на 19 издание на фестивалот на европски филм Cinedays, (18-24. септември). Toj  ќе се одржи на отворено, во паркот на МКЦ, во Градскиот и во паркот Ибни Пајко, но и низ повеќе скопски населби. Меѓу проекциите е филмот  „ТМ“ , на Ивица Димитријевиќ, а на затворањето на фестивалот и „Хомо“ , во режија на Игор Иванов –Изи.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Трансформирана меморија“ самостојна изложба на Данчо Ордев, вечерва во галеријата Остен

Дејан Дејан

Филмски журнали снимени во Македонија, пред 70 години, станаа дел од колекцијата на Кинотека

Дејан Дејан

Кинотека на Македонија го збогати фондот со значајни историски записи

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе