Култура

Расте интересот за македонските автори на саемот на книга

И покрај фактот дека многумина беа скептици дека годинашниот Саем на книга ќе биде посетен налик на минатите години доколку се има предвид целата ситуација со Ковид 19, сепак и издавачите и читателите задоволни.

Радува фактит дека секоја година расте интересот на читателската публика за македонските автори.

Морам да признаам дека голем број издавачи бевме скептици во врска со организирањето на овој Саем во овој период. Но реалноста не поби и саемот е навистина прекрасен и супер посетен. Малку е топло но се издржува, така што задоволни сме.  Она што последниве години Или или успеа да го направи е да ја афирмира македонската литература таа да стане привлечна и атрактивна за читателите, вели Ненад Стевовиќ од “Или Или”.

Со оглед на тоа што го очекувавме колку и да има посетеност заради Корона вирусот можам да кажам дека сме многу задоволни.  Е сега ако споредиме со минатите години тоа е друго сега е „новата нормалност“. Дали повеќе се читаат домашни или странски автори ? Во многу голем подем се македонските автори, оценува Филип Батковски од книгоиздателството Бата прес.

Различни генерации различен избор на жанрови.

Саемот на книга во чии рамки се преставија 40 издавачи годинава беше без присуство на странските писатели како гости кои вообичаено беа дел од овој голем празник на книгата и имаа можност низ разговорите со читателите да ги споделат своите искуства за  актуелните случувања во литературата.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Словачкиот поет Иван Штрпка е добитник на „Златниот венец“ на СВП за 2025

Дејан Дејан

Емил Рубен: Во градот нема премногу чист воздух

Дејан Дејан

Македонската филхармонија ќе бара кривична одговорност од министерот Љутков

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе