На 92 годишна возраст , почина оперскиот првенец, баритонот Димитри Мариновски.
Тој е претставник на втората генерација на оперски солисти во Македонската опера.
Дипломирал на Вишата педагошка школа (оддел за музика) во Скопје во 1957 година. Од 1952 до 1961 година бил ангажиран во Скопската опера, а од 1 септември 1961 до 15 август 1974 година бил солист во Операта СНП. Како темпераментен актер, тој најимпресивно толкувал динамични и жестоки ликови, иако бил успешен и да ги претставува ликовите надворешно статички, но богат со внатрешен емотивен живот. Во Операта на МНТ бил во постојан работен однос од 1952 до 1983 г., но и понатаму, до 1994, учествувал во реализацијата на нејзиниот репертоар. Во периодот од 1961 до 1975 година бил ангажиран како солист во Новосадската опера.
Остварил повеќе од 15 главни улоги, од кои позначајни се во оперите : „ Риголето“ , „Набуко“, „ Магбет“, „ Холанѓанинот скитник“ . Незаборавни се неговите улоги како Јаго во „ Отело“, Скарпија во „ Тоска“, Родриго-Поза во „Дон Карлос“, Амонасро во „ Аида“ , Андон во првата македонска опера „Гоце“ и др. Со ансамблот и самостојно во негови проекти, настапувал низ поранешна Југославија, Франција, САД, Канада, Грција, Бугарија, Романија и Унгарија.
Погребот на Димитри Мариновски се одржа денеска , на пладне, на гробиштата во Бутел.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.