Свет

Ураганот Лаура удри по Луизијана и Тексас

Лаура, најсилниот ураган во последните 100 години удри денеска по југот на Соединетите американски држави, во мексиканскиот залив, при што силните ветришта веќе предизвикаа и поплави во повеќе места. Прва држава која беше зафатена од ураганот од 4-та категорија беше Луизијана со ветришта од 240 км на час, а како центарот на невремето се упатува кон внатрешноста на зафатените региони, опаѓа и неговата сила но се уште се води како ураган од втора категорија со ветер кој се движи со брзина од 180 км на час.

Надлежните  и метеоролозите апелираа до жителите на државите на патот на ураганот да ги евакуираат своите домови , предупредувајќи дека во спротивно ризикуваат да не го преживеат страотното невреме.

Значи, повторувам, вашиот живот ќе биде во брза и сериозна опасност почнувајќи од вечерва доколку не се евакуирате. Јас силно ви препорачувам да го направите тоа. Ми беше кажано да не ви кажам дека и оваа канцеларија утрината ќе се евакуира. Или ќе се евакуираме или не. Не можам официјално да ви го кажам тоа, но ние може ќе се евакуираме ова утро. Тоа ви дава добра идеја за тоа за каква ситуација зборуваме во целиот овој регион.

Покрај разорните ветришта кои откорнуваат далноводи, дрва и срамнуваат со земја куќи на својот пат на уништување, особено опасен е и очекуваниот прилив на морска вода предизвикан од ураганот. Оваа плима на висок воден бран се очекува да предизвика поплави и да навлезе најмалку 50 км во внатрешноста на Тексас и Луизијана. Заради ваквите црни сценарија, апел за евакуација беше испратен до повеќе од половина милион луѓе, кој сепак не го послушаа сите.

  • Јас ќе останам, знаете. Јас живеам во овој дел блиску и утринава гледав каква е проекцијата и каде ќе се движи ураганот. Не сум премногу загрижен за тоа.
  • Куќата ми е заштитена, сите прозорци, се е заштитено. Заради тоа, мислам дека ќе бидам добро. Се надевам дека ќе бидам добро и се молам.

Сепак, поголем дел од луѓето ги послушаа постојаните апели и побараа спас или надвор од регионот на удар на ураганот или во формираните заштитни центри.

  • Благодарност до заедницата дека ни помага вака, на секој од нас жителите на Порт Артур и особено на оние кои ги напуштаме домовите.
  • Се обидуваме. Јас сум бездомник веќе две години шефе, се обидувам да се спасам од мојата ситуација, тоа е се, толку е вистината.

Како последица од силните ветришта, над 330 илјади домови во Луизијана останале без струја и речиси 100 000 во Тексас.

Ураганот Лаура и уште еден ураган, именуван Марко претходно усмртиле најмалку 24 луѓе на Карибите. Американските метеоролози првично стравуваа дека двата урагани ќе ја зафатат Луизијана речиси истовремено, но ураганот Марко загуби дел од силата и сега се води како тропска бура.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во Швајцарија се одржува дводневна мировна конференција за Украина

Дејан Дејан

Американските сили нападнаа цели на јеменските бунтовници Хути

Дејан Дејан

(Видео) Израелски војници со оружје од среден век гаѓаат на либанска територија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе