Вести Свет

Продолжуваат немирите во Кеноша, двајца убиени

Две лица се убиени а едно рането во текот на третата ноќ безредија и хаос на улиците на американскиот град Кеноша, кои избувнаа откако полицијата застрела во грб еден афро-американец.

Полицијата потврди дека трите лица биле погодени со истрели од огнено оружје, но не соопштија други детали.

Локалните медиуми пренесоа дека насилството произлегло од конфликт меѓу демонстрантите и вооружени луѓе кои излегле да спречат уништување на нивните недвижности.

На снимките од хаосот во Кеноша се гледаат голем број луѓе како бегаат во паника, додека се слушаат истрелите од огнено оружје. Засега неидентификувани луѓе лежат на улиците, погодени од истрелите. Камерите на новинарските екипи снимија и голем број цивили со автоматско оружје како жестоко се расправаат со демонстрантите и се обидуваат да го спречат нивното движење.

Гувернерот на Висконсин најави и дека ќе испрати дополнител број на припадници на Националната гарда во Кеноша, за да ги спречи безредијата.

Минатата ноќ протестот започна со марш на демонстрантите низ улиците на градот и повторно ескалираше во судир со полицајците кои употребија солзавец и гумени куршуми.

Повеќе згради и автомобили се оштетени или уништени во градот со околу 100 жители на југозападниот брег на езерото Мичиген.

Адвокатот на Џејкоб Блејк информираше дека иако неговиот клиент е во стабилна состојба во моментов, со тешки повреди на повеќе органи, тој најверојатно нема никогаш повеќе да оди.

  • Размислете на кратко за другите постапки кои овие полицајци можеа да ги преземат наместо да истрелаат 7 куршуми во грбот на Џејкоб Блејк, заради што во моментот тој е парализиран. Неговото семејство е многу религиозно и верува во чуда. Но, медицинската дијагноза во моментот е дека тој е парализиран, вели неговиот адвокат Бенџамин Крамп.

Адвокатот побара и апсење на полицаецот кој го застрела Џејкоб Блејк и отказ за другите полицајци кои биле дел од инцидентот. Мајката на ранетиот афро-американец дека доколку нејзиниот син знае што се случува во Кеноша, за уништувањето и насилството, тој би бил несреќен и испрати апел за мирни протести, без насилство.

Протестите покрај Кеноша се проширија и во други градови во САД, како Портланд и Минеаполис.

Застрелувањето на Блејк само дополнително ги засилува прашањата за третманот на афро-американците од страна на полицијата, како и пошироките прашања за расизмот во општеството, кои особено ги разгори и убиството на Џорџ Флојд во Минеаполис, во мај.

 

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Хегсет: Не е можно враќање на границите кои Украина ги имаше до 2014 година

Дејан Дејан

Воз излетал од шините: Железничката линија Скопје-Солун нема да функционира

Дејан Дејан

Трамп и Путин разговарале по телефон: Преговорите за мир во Украина започнаа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе