Култура

Археолошкиот музеј со тактилни слики го доближува културното наследство до слепите лица

Атанас Ристов има 52 години, а пред 20 го изгубил видот, како последица на болеста Макуларна дегенерација. За него, ретки се можностите да оди во музеј. Но, поставените тактилни слики во Археолошкиот , направени според оригинални артефатки , го будат кај Ристов интересот за истражување со прстите.

  • Ланче, на кое што од овде почнува исто така некој приврзок на ланчето. Со изглед на заоблен крст со заоблени краци. Така ми изгледа мене – Атанас Ристов- лице со посебни потреби.

Од средновековен накит, преку прочуената „ Голема мајка“ и бокалот Изник, до „ Синијата“ , 10 тактилни слики даваат увид во богатото културно наследство од нашите локалитети. Поставени се во близина на оригиналите, а се откриваат преку допир и текст, со Брајово писмо.

  • Значи има опис на предметот, има приказна од каде потекнува. Има слика од експонатот со рељефна површина , како би можеле слепите лица и лицата со оштетен вид да почувствуваат, како да го допираат оригиналното дело – Ива Лабан- Лице за односи со јавност во Археолошкиот музеј.

А, со скенирање на QR кодот, содржините од тактилните слики се пренесуваат до видеа на Ју Тјуб, со аудио нарација и знаковен јазик, со што се достапни и за лицата со оштетен слух.

  • Значи многу бидејќи ние не сме во потполна можност да ги следиме културните настани од оваа сфера – Атанас Ристов- лице со посебни потреби.

Инклузивноста и непречениот пристап до културното наследство за лицата се посебни потреби, се дел од препораките од проектот „ Пристапен музеј“, во кој е вклучен и Археолошкиот, низ соработката со Балканската музејска мрежа. Тоа дава надеж дека Атанас Ристов повторно ќе го посети ова место.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Арсовски: Концертот на Пласидо Доминго ја позиционира Македонија на светската културна сцена

Дејан Дејан

Концерт на џипси музика „Дијалози со Џанго Рајнхарт“ под диригентската палка на Тимоти Редмонд

Дејан Дејан

Отворен повик за наградата на ЕУ за Ромската интергација 2025

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе