Македонија

Приведен осомничен за запалените возила на ЕВН во Тетово

Тетовската полиција соопшти дека ноќеска околу 1.30 часот уапсиле 43-годишник од градот за кого се сомневаат дека предизвикал пожар на двете возила, сопственост на ЕВН Македонија. Тој бил приведен на улица „Ленин“ во близина на едно од двете места каде имаше пожар.

-Полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода К.О.(43) од Тетово, поради сомнение дека во периодот од  00.40 до 01.10 часот на ул.„Иво Рибар Лола“ во Тетово со запалива течност предизвикал пожар во патничко возило „дачија дастер“, со скопски регистарски ознаки, и патничко возило „нисан“, со скопски регистарски ознаки, двете сопственост на „ЕВН“, кои целосно изгореле. Исто така, од пожарот било зафатено и патничко возило „голф“, со тетовски  регистарски ознаки. К.О. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, потенцираат од СВР Тетово.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пропусти во исплатите и јавните набавки, склучување договори по истек на рок – вака се работело во Академијата за судии и јавни обвинители утврдија ревизорите

Дејан Дејан

Бебе продадено за 500 евра, кривична за шест лица за „трговија со дете“

Kristina Kuzmanovski

Намален бројот на работници во индустријата

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе