Во време во кое голем број филмски фестивали ширум светот се откажуваат поради пандемијата со Ковид 19 која го парализираше речеси целиот свет, малкумина успеваат да најдат начин да го менуваат својот ритам согласно препораките. Фестивалот „Македокс“ чие мото е „Слеј се со тишината“ годинава ќе се одржи на две локации: во паркот на Младинскиот културен центар и во Кинотеката на Македонија. За прв пат во историјата на своето постоење тоа нема биде во Куршумли ан.
Ставот на Агенцијата за филм е дека „Македокс“ се вбројува во најреномираните фестивали во регионот и пошироко со големо чувство за креативниот документарен филм и агенцијата ќе бара правен начин да го поддржи фестивалот така како што заслужува неговото реноме.
Во рамките на единасетотто издание на Македокс кое започнува на 19 август и ќе трае до 26 август ќе бидат прикажани 55 документарни филмови. Земја во фокусот е Холандија.
Нина Стефанова