РЕК Битола донесе акционен план за санирање на последиците од поплавите во рудниците во најголемиот производител на струја во државата и нивно целосно ставње во функција. Обилните врнежи во Пелагонискиот регион предизвикаа елементрарна непогода на површинксиот коп, па во прекин е ископот на јаглен. Подготвени се краткорочни и среднорочни мерки за ефикасно санирање на штетите, а покрај со сопствените ресурси, доколку е потребно, за реализиација на акциониот план ќе се вклучат Армијата, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, информираат од Државните електрани.
Деновиве со обилните и интензивни врнежи, во Рудникот Суводол се слеале околу 630.000 метри кубни вода, што претставува временски феномен незабележан во последните 20 години. И покрај елементарната непогода со која се соочува комбинатот, производството на електрична енергија засега продолжува непречено, согласно планот и потребите на електроенергетскиот систем на земјата, информираат од Дравните електрани. Ова е трета поплава на Рудникот Суводол во РЕК Битола во рок од два месеци.
Емилија Мисирлиевска