Две седмици после првата операција на десната надлактица,Марк Маркез мораше повторно на хируршки стол.Шпанецот од Репсол Хонда има оштетување на плочката од титаниум што му беше вградена после излетувањето во Херез,како последица од стресот и напорите да се врати што побрзо на моторциклот.Маркез се обиде да учествува на втората трка,но после неколку круга на слободните тренинзи,неговиот тим го повлече од патеката.Трауматологот Хавиер Мир изјави дека после 48 часа ќе имаат увид во успешноста на втората операција.Светскиот шампион во најсилната класа ќе ја пропушти и трката во Чешка што ќе се вози на 9 август во Брно.Негова замена че биде тест возачот Штефан Брадл.
Маркез принудно на втора операција
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
