Свет

Над една четвртина од населението во Германија се емигранти

Повеќе од една четвртина од населението во Германија се имигранти или имаат имигрантско потекло, покажуваат официјалните податоци за 2019 година.

Околу 21,2 милиони, или 26 проценти од вкупното население, имаат емигрантско потекло, според податоците за 2019 година, објави Федералното биро за статистика. Тоа е пораст од 2,1 процент во однос на претходната година.

Најголемата  група, околу 13 проценти од сите луѓе со емигрантско потекло, се од Турција или имаат корени во таа земја, соопшти Федералното биро за статистика.Следат луѓе кои се по потекло или имаат корени во Полска и Русија.

Вкупно 65 отсто од сите имигранти во Германија имаат европски корени.

Во Германија, се смета дека некој има емигрантско потекло ако барем еден од неговите родители е роден надвор од Германија. Околу 11,1 милиони луѓе или 51 процент со емигрантско потекло се родени во Германија.

Се уште постои голема разлика помеѓу бројот на емигранти кои живеат во западниот и источниот дел на Германија. Бремен во северозападна Германија има најголем процент од населението со емигрантско потекло – 36,5 проценти.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски го повика Путин на директни разговори за крај на војната – дојди слободно во Москва, одговори Кремљ

Igor Trajkov

Меѓународната агенција за атомска енергија на вонредна седница по нападот врз нуклеарната централа барака во Обединетите Арапски Емирати

Tea Dimkovska

„Мислев дека ќе го изгубиме“: Први снимки откако во пожар гореше најголемиот носач на авиони

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе