Македонија Топ вести

Пазарна го затвори базенот во Виница, засилени контроли низ целата држава

По  клубот „Аватар“ во Струмица затворен и базенот во Виница каде викендов исто така имаше забава. Од пазарната инспекција најавуваат ригорозни контроли. Опомени повеќе нема, доколку инспекторите излезат на терен следува автоматско затварање и кривична пријава. Продолжуваат превентивните средби со сопствениците на угостителките објекти. од инспекторатот ќе ги следат инфромациите кои се споделуваат преку социјалните мрежи

Државниот пазарен инспекторат го затвори и градскиот базен во Виница каде што викендов се одржа забава на која присуствува аго,ем број на посетители и неа беа почитувани Протоколите за работа и мерките за заштита. Од ДПИ потврдија дека базенот ќе биде затворен во наредните десет дена а против сопствениците е поднесена пријава.

Од инспекторатот соопштија дека денеска но и во наредните денови ќе продолжат средбите на тимови составени од раководители на одделенија и инспектори  со угостителите и сопствениците на објекти каде што во минатата со одржуваа забави, свадби и прослави за да ги предупредат дека не смеат да организираат настани со голем број на гости.

Државен пазарен инспекторат: „Средбите се сметаат како опомена. Неколку пати јавно соопштивме. Доколку излеземе на терен следува автоматско затварање во период од 10 до 30 дена и кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик“

Во тек е изготвување на нови протоколи за работа кои ќе им се достават на сопствениците на објекти за свадби и ноќните клубови кои дотогаш треба да останат затворени.

Од инспекторатот велат дека контролите во кафеаните рестораните и кафулињата ќе продолжат а ќе се проверува бројот на гости и евентуалното прекршување на работното време.

Од утре дополнителни тимови ќе бидат испратени во Охрид и Струга а во наредните денови и во Тетово и Гостивар. На терен тие често наидуваат на притисоци и закани па затоа е воведена праксата да се испраќаат од други градови. Таков беше случајот со клубот „Калипсо“ во Прилеп  кој требаше да биде контролиран од инспектори од Битола, но некој им дојавил на сопствениците кои успеаа да го затворат пред тие да пристигнат, што според директорот Пауновски не е ретка појава.

Сепак прилепското обвинителство по допрен глас отвори предмет за клубот „Калипсо“

Новина е што од инспекторатот ќе ги следат инфромациите и преку социјалните мрежи каде што се објавуваат слики и видеа за да може побрзо и поефикасно да дејствуваат. Во случаите кога вакви настани се организирани на приватен имот од инспекторатот ќе го алармираат МВР.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев – одбележана 121 годишнина од неговото загинување 

Дејан Дејан

Шест деца се ранети денеска во руски напад врз регионот Харков

Дејан Дејан

(видео)Запален Куранот и палестинското знаме во Малме, каде се одржува Изборот на песна за Евровизија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе