Економија Топ вести

Регулаторна: Се намалува акцизата за бензините за еден денар, паѓа и цената на горивата

Зголемувањето на цените на нафтата на светските берзи, од денеска ја намали акцизата на бензините кај нас за 1 денар. Техничката Влада како антикризна мерка воведе дополнителна акциза на горивата за 3 денари,но со услов ако се зголемат цените кај нас за 10 денари, да падне акцизата за 1 денар, а доколку пораснат за 20 денари, целосно да се укинат 3-те денари акциза. Во моментов се исполнети условите за денар намалување на акцизата за бензините, а за дизелот ќе треба уште да пораснат цените на светските берзи.

За еден денар се намалува акцизата за бензините, а таа на дизелот ќе почека уште да пораснат цените на светските берзи. Бидејќи цените на бензините кај нас рипнаа во просек за 10 денари, сега Регулаторна симна 1 денар од акцизата и таа наместо плус 3 од денеска изнесува 2 денари по литар. Техничката влада ги зголеми акцизите на горивата за три денари како антикризната мерка за борба со Ковид 19. Анализата при воведувањето, покажаа дека ако се зголемат акцизите, ќе се покријат 30 милиони евра од загубите, предизвикани од падот на потрошувачката.

„Цените на светските берзи на бензините во периодот од 1-15 јули изнесуваат 391,45 долари за тон поради  што  согласно Уредбата ја намаливме акцизата на безините за 1 денар.“- изјави Бислимоски.

За намалување пак на акцизата за дизелот, како и за целосно укинување на дополнителната акциза од 3 денари, ќе треба уште да се почека. Според Уредбата цената на горивата кај нас треба да се зголеми за 20 денари.

„Просечната цена на дизелот на светските берзи во периодот од 1-15 јули изнесува 370 долари, а граничната вредност е 400 долари. Во оној момент кога ќе ја надмине оваа вредност од 400 долари и цената на дизелот во период од две недели исто така повторно ќе ја намалиме акцизата за 1 денар. Изедначување на акцизите ќе има во оној момент кога цената на бензините на светските берзи ќе изнесува 590 долари, а цената на дизелот ќе изнесува 600 долари“ – изјави Бислимоски.

Падот пак на цената на нафтата на светските берзи, од ноќеска на полноќ ќе ги намали цените на бензините за 1,5 денар, а на дизелот и екстралесното за половина денар. Така цената на Еуросупер БС- 95 ќе изнесува 60, додека на Еуросупер БС- 98 ќе биде 62 денари за литар. Додека дизелот ќе сепродава по 53, а екстралесното  по 52,50 денари за литар.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Осигурителните компании разочарани откако им го укинаа поскапувањето

Дејан Дејан

Една година од масакрот во „Рибникар“, колони луѓе им оддадоа почит на жртвите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе