Свет

Денот на Бастилја одбележан во Франција во знакот на коронавирусот

Во знак на солидарност и благодарност кон сите оние што се борат со коронавирусот Франција денеска го одбележува националниот ден 14-јули, Денот на Бастилја. Лекарите, медицинскиот персонал, семејствата на починати медицинскиот лица од коронавирус, касиерки, вработени во погребалните претпријатија, полицајци, пожарникари, вработени во фабриките за маски, беа поголемиот дел од 2.500 гости на одбележувањето кое оваа година за првпат не беше отворено за јавноста.

На Елисејските полиња се одржа традиционалнбата воена парада, но преполовена. Пред почесната бина наместо 4.000 војници продефилираа 2.000 војници, а на чело на парадата беа носеи знамињата на четирите земји кои на Франција и помогнаа во справувањето со епидемијата, Германија, Австрија, Луксембург и Швајцарија.

Претседателор Емануел Макрон на денешната прослава справувањето со коронавирусот ја означи како најголемата победа на Франција по Втората светска војна, но и покрај тоа околу плоштадот Конкорд каде се одржуваше централната прослава, беа најави протести поради лошото справување со пандемијата, која однесе повеќе од 30.000 животи во земјата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Регистрирани 150 земјотреси во близина на Неапол во јужна Италија

Дејан Дејан

Денеска ќе се одржат погребни ритуали за претседателот на Иран

Дејан Дејан

Берлин: Барањето за апсење на лидерите на Израел и Хамас дава лажна слика за еквивалентност

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе