Вести Македонија Најважни

19 години затвор за 22-годишната Ангела Ѓорѓиевска

22 годишната Анѓела Ѓорѓиевска ја слушна пресудата за убиството на нејзиниот некогашен пријател Пино секондо. Виновна е, била соучесник и доби 19 години затвор. Во ниеден момент не се покајала па ова било еден од пресудните моменти за високата казна од судијката Ленка Давитковска.

Но, убиецот на Секондо се уште е во бегство. Недостапен е за истражителите од кога се појави и првиот сомнеж дека Али Фуркан и Анѓела Ѓеорѓиевска го убиле момчето по кое се трагаше со месеци. Остатоците од телото ги пронајде случајно човек кој се движел во планинскиот дел над селото Љуботен. Таму по убиството бил однесен Пино. Според адвокатите на Анѓела оббвинителството не успеало да докаже дека Анѓела била соучесник во убиството. Обвинителството пак е убедено дека ќе го пронајде и Али Фуркан.

Пино Секондо исчезна во декември 2018 та. По него се трагаше пет месеци, а откако беше идентификуван преку ДНК анализа на коските кои беа пронајдени обвинитеслтвото ја отвори истрагата. Неговата мајка која постојано апелираше за правда не е задоволна од пресудата, но вели каква и да е дека нејзиниот син никогаш нема да и се врати. Според обвинителството анѓела го намамила, Ладнокрвно со куршум во глава Али Фуркан го убил, заедно го товариле во гепек, а телото го оставиле в планина каде животните речиси го рсатсргнале.  Мотивот за убиството и до денеска е енигма.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе