Најважни Свет

И покрај големиот број на новозаболени, Србија воведува благи мерки

Иако вчера во Србија беше забележан највисок број новозабаолени од Ковид-19 во изминативе два месеци, владата одлучи да воведе прилично благи мерки.

Ограничување на работењето на ноќните клубови и сплавовите од 23 часот до 6 часот наутро, ограничување на бројот на посетители на настани до 100 луѓе во затворени и 500 на отворено, казни до 6.000 динари за неносење маски и затварање на студенстките домови. Токму последната мерка ја прели чашата за студентите кои среде испитна сесија беа исфрлени од своите соби а својот револт го искажаа со протест на полноќ пред зградата на собранието.

Од строги мерки кои граничеа со тотален карантин Србија ги релаксираше речиси до враќање во нормални услови, што најверојатно и го засили интензитетот на вториот бран на коронавирусот во земјата. Спортските настани се вратија со публика на трибините а угоститлските објекти беа отворени со нормално работно време, социјалната дистанца и носењето заштитни маски исто така не се почитуваше. Опозицијата обвинуваше дека тоа се прави за по секоја цена да се одржат изборите на 21 јуни, но владата тврдеше дека Србија го победила вирусот.

Вчера беа регистрирани дури 359 новозаболени и шестмина починати, што претставува највисок број дури од пикот на епидемијата кон средината на април. Претходниот ден имаше 272-ца а пред тоа 276. Новото жариште е во Белград.

„Белград е најголемиот проблем, се останато е неспоредливо поедноставно со Белград. 82,5 проценти од заболените се во Белград. Јасно е дека сите други бројки се под контрола“ – Александар Вучиќ – Претседател на Србија.

Враќањето на мерките го објави претседателот Вучиќ по состанокот на кризниот штаб, кој најави уште построги мерки доколку овие не го дадат посакуваниот резултат.

„Да можев сам да одлучувам би го затворил Белград и би вовел седумдневен полициски час“ – Вучиќ.

По протестите и обвинувањата од страна на жителите на Нови Пазар за запоставување на здравствената установа во градот која опслужува повеќе од 100.000 жители, од вчера на помош пристигна тим на лекари и медицински персонал, откако од вирусот заболе голем дел од постоечкиот персонал во болницата.

Србија е најпогодената балканска држава од Ковид-19. Од почетокот на пандемијата до сега во земјата заболеа 15.195 лица а починаа 287.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе