Македонија Топ вести

Жбогар: Ако сте сериозна држава имплементирајте ги законите и решете го проблемот со дивоградбите

Зачувување на статусот на УНЕСКО, решавање на проблемот со дивограби и владеењето на право е клучно за евроамбасадорот Самуел Жбогар кој денеска беше во Охрид за да му даде поддршка на градоначалникот Константин Георгиевски во справувањето со узурпацијата на езерскиот брег.

За евроамбасадорот е клучно тоа што се прави во Охрид да се прави и во Струга, а игнорантскиот однос на градоначалникот Мерко дава лоша слика за Македонија државата која претендира да  биде членка на ЕУ. За фактот што носителот на листата на ДУИ, Нефи Усеини, има голем број на дивоградби не сакаше да коментира.

Тој истакна дека една од причините за неговата посета е и статутост на УНЕСКО кој кјора да се сочува и додаде дека има луѓе кои не ги интересира статусот туку само личниот бенефит. ЕУ ќе му помогне на Охрид во развивањето на стратегија за одржлив туризам со што ќе се ќе има поголем бртој на туристи, подолг престој и повеќе профит.

Градоначалникот георгиевски најави дека рушењето ќе продолжи а средстав се обезбедени преку ребаланс на Буџетот.

Регистрарот покажува дека само во Охрид има 409 дивограби во заштитениот појас. Плажите функционираат без концесија а во Струга беззаконието продолжува бидејќи градоначалникот Мерко одбива да превземе било какви мерки а државата тоа го толерира.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пропусти во исплатите и јавните набавки, склучување договори по истек на рок – вака се работело во Академијата за судии и јавни обвинители утврдија ревизорите

Дејан Дејан

Пред почетокот на жетвата земјоделците бараат од 15 до 18 денари за килограм пченица

Дејан Дејан

Бебе продадено за 500 евра, кривична за шест лица за „трговија со дете“

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе