Македонија

Полицијата пронашла мртов маж во Козле – телото дадено на обдукција

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека вчера во Полициската станица Карпош било пријавено дека на ул.„Козле“ во Скопје подолго време се шири непријатна миризба од куќа каде живеел 66-годишен скопјанец.

Полициски службеници излегле на местото на настанот, каде бил пронајден починат скопјанецот, кој околу една недела не бил забележан од соседите.

„Од лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција“, се наведува во полицискиот билтен

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пропусти во исплатите и јавните набавки, склучување договори по истек на рок – вака се работело во Академијата за судии и јавни обвинители утврдија ревизорите

Дејан Дејан

Бебе продадено за 500 евра, кривична за шест лица за „трговија со дете“

Kristina Kuzmanovski

Намален бројот на работници во индустријата

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе