Вести Економија

РКЕ ќе носи нова одлука за цените на нафтените деривати

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска ќе носи нова одлука за цените на нафтентите деривати што ќе важи од ноќеска на полноќ.

Со последната одлука на РКЕ, донесена во понеделникот, малопроджната цена на дизелот се зголеми за 1,5 денари за литар, а на мазутот за 0,503 денари за килограм, додека цената на екстра лесното масло за домаќинство се намали за половина денар по литар. Цените на бензините, пак, останаа исти.

Со тоа ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V) чини 95,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 95  се продава за 95,5, ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 98 денари, Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ 1) за 94 денари за литар, а мазутот по 53,343 денари за килограм.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Размена на оган во јужен Либан и покрај примирјето меѓу Израел и Хезболах

Дејан Дејан

Пожар во хотел во Доминиканската Република, евакуирани речиси 1.700 туристи

Дејан Дејан

Расте бројот на корисници на интернет преку оптичка мрежа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе