Фудбалерите на Шкупи не успеаа да направат сензација и да го елиминираат Динамо Загреб од натамошниот настап во квалификациите од Лигата на шампионите.
Македонскиот првак беше рамноправен противник, а мечот го реши еден погодок кој беше дело на Аријан Адеми.
Шкупи и покрај елиминацијата од шампионот на Хрватска го продолжува европскиот настап и веќе следната недела во рамки на Лига Европа ќе се соочи со Шамрок Роверс.
ФОТО: Игор Паневски
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.















